Почеток: 4-ти мај | Цена: 2000 денари

Вовед во софтверско
инжeнерство преку роботика

Дознај што подразбира кариера во софтверско инжeнерство преку
хибридни работилници составени од онлајн часови и сесии
во лабораториите на Brainster

Што ќе научиш на оваа работилница
и зошто ти е потребна?

По сите анализи и истражувања кои ги направивме во последниве неколку месеци дојдовме до следниов заклучок. Обука за Кариера во IT секторот е најдобрата одлука што можеш да ја донесеш за себе, особено во период кога правиш клучен избор за твоето образование. Но, покрај имањето на соодветните информации и податоци, сметаме дека следниот чекор е од прва рака да искусиш што значи кариера во IT секторот. со какви проблематики ќе се занимаваш и кои вештини треба да ги совладаш.

Затоа, на оваа работилница со учење преку практични примери, работа во мали групи и двонеделна интерактивна настава, ќе ја приближиме кариерата на програмерите и софтверските инженери до сите средношколци. Часовите ќе вклучуваат воведни часови за SDGs, вовед во екосистемот на Fable и сите компоненти на овој модуларен робот, како и основни концепти од програмирање, машинско размислување и секвенцирање.

SDG

Што се UN? Зошто се создадени SDSs и која е нивната цел? Зошто е важно да ја кренеме свеста за SDGs?

FABLE

Запознавање со компоненти и модули. Преглед на формации и работа во различни формации на роботи

СЕНЗОРИ И АЛГОРИТМИ

Вовед во алгоритамско размислување, методи и pipelines за решавање на проблеми.

ЗАВРШЕН ПРОЕКТ

Вовед во алгоритамско размислување, методи и pipelines за решавање на проблеми.

Погледни ја целата програма

  • Што се UN? 
  • Зошто се создадени SDGs и која е нивната цел?
  • Зошто е важно да ја кренеме свесноста за SDGs?
  • Запознавање со компоненти и модули
  • Преглед на формации и можности на компонентите 
  • Работа на различни формации на роботи
  • Вовед во начинот на алгоритамско размислување
  • Методи за решавање на проблеми
  • Работа на конкретен проблем и изработка на pipeline за негово решавање
  • Разработка на програмска логика во услови
  • Разработка на програмска логика во циклуси
  • Работа на различни проблеми и задачи кои вклучуваат услови и циклуси
  • Запознавање со joint модул на Fable
  • Запознавање со spin модул на Fable
  • Користење на сензори како акселерометар од телефонот за Fable
  • Како влезни сензори од компјутер и мобилен уред да се користат во програмирање
  • Акции поврзани со слики и видео
  • Разработка на концепт на креирање на променливи
  • Разработка на концепт на креирање на функции
  • Работа на различни проблеми со компонентите за да се научат овие две важни техники во програмирање
  • Објаснување на концептот на Design thinking
  • Формирање на групи и дефинирање на цели кои ќе ги решаваат проблемите
  • Разработка на идеи и работа на проекти
  • Финализирање на проектите
  • Презентирање на проектите
  • Гласање и почеток на промоција на идеите и тимовите кои работеле на проектите

 

* Сите учесници ќе добијат сертификат во дигитална и печатена форма за завршен курс. Крајните решенија ќе бидат снимени и промовирани на заедницата, а победничките решенија ќе добијат стипендии за различни програми во Brainster.

За кого е оваа
работилница?

Запознај ги твоите инструктори

Ивица Пешовски

CTO на Brainster

8 години искуство во ИТ индустријата и моментално го води тимот кој што работи на неколку нови продукти во полето на едукација. Последните 3 години работи и како предавач на академиите за програмирање во Brainster. Неговиот фокус е развој на продукти без посебен фокус на конкретна технологија, што е нешто кое го пренесува постојано на своите студенти.

Tамара Димитрова

Education Development во Brainster

Магистер по компјутерски науки и информатички технологии, со повеќегодишно искуство во истражување и индустрија. 5 години работа како научен соработник во МАНУ и 2 години во ИТ индустријата. Во моментов работи на развој на нови образовни програми во Brainster.

Драган Накевски

Software Engineer во 3Shape

9 години искуство во ИТ индустријата, најчесто на веб и десктоп апликации во технологии како .Net, .Core, WPF и React. Неговиот фокус е архитектура на софтверот, а последните две години работи најмногу на Serverless Cloud технологии.

Како да се пријавам?

Сè што треба да направиш е да ја пополниш формата за пријавување, по што ќе те контактира нашиот административен тим и ќе те спроведе низ постапката за да си го резервираш местото.

денови
часови
минути
Работилницата е започната!

Вовед во софтверско
инжeнерство преку роботика

Дознај што подразбира кариера во софтверско инжeнерство преку хибридни работилници составени од онлајн часови и сессии во лабораториите на Brainster

Почеток: 4-ти мај | цена: 2000 денари

Често поставувани прашања

Комбинација од онлајн часови и менторски сесии во лабораториите на Брејнстер. Со цел поголема заштита поради епидемиолошката слика, но сепак, спроведување на интерактивна програма каде студентите можат да го пробаат и видат она што го учат, наспроти само теоретска настава, ќе работиме во овој хибриден формат.

  • 3 часови за вовед во роботика, секој со времетраење од 120 минути
  • 4 часови за вовед во програмирање, секој со времетраење од 120 минути
  • Задача за изработка завршен проект во групи од 2 до 3 студенти
  • 1 до 2 менторски сесии во времетраење од 30 минути во Brainster

Темата која ќе се работи се фокусира на Sustainable development goals, па така и завршните проекти кои ќе ги изработат студентите ќе бидат решенија за справување со овие глобални предизвици: справување со отпад и негова селекција, заштита на водите, обновливи извори, одржливи градови, намалување на глад и сл. 

Најпрвин преку интерактивни и инклузивни предавања, на студентите ќе им бидат пренесени основни знаења за темите, по што ќе им се остави простор да работат на завршен проект, кој ќе го работат групи од 2 до 3 студенти. За него ќе имаат простор во менторски сесии да ги поставуваат своите прашања, да побараат насоки и помош од менторите, а по завршување ќе можат да дојдат во просториите на Брејнстер за да ги тестираат сработените решенија, да се снимат промотивни видеа кои подоцна ќе бидат промовирани на заедницата преку социјалните медиуми на Брејнстер.

Ако размислуваш за образование и кариера во IT секторот, оваа работилница ќе ти помогне да ги совладаш најважните основи на овие дисциплини и ќе те подготви за понатамошно усовршување. Материјалот што ќе го поминеме на часовите е внимателно одбран за да добиеш максимално применливо знаење, а со тоа полесно ќе ги совладаш напредните концепти што те чекаат понатаму. 

ЗА НАС

Brainster e компанија за едукација која комбинира податоци, врвен наставен план, експертиза и ефективна стратегија за учење вештини како Data Science, програмирање, маркетинг, дизајн и Software Testing.