Погледни во двете најперспективни
вештини на денешницата

По резултатите добиени од кариерниот квиз и истражувањето "Future of Jobs", ти овозможуваме
да погледнеш одблизу во двете најбарани вештини на пазарот преку современи
работилници составени од онлајн часови и практична работа во нашите лаборатории

So, what 's next?

Пред неколку месеци започнавме низа активности со цел да ти помогнеме да донесеш вистинска одлука
за твоето образование што ќе ти гарантира успешна кариера и квалитетен стандард на живеење. Во декември започнавме со кариерниот квиз со чија помош можеше да дознаеш каков тип на личност си, а пред нешто повеќе еден месец го лансиравме нашето истражување “Future Of Jobs” преку кое ги претставивме најбараните дејности и вештини на пазарот во труд во следните 10 години.

Затоа сега, во пресрет на факултетските уписи, преоѓаме во третата од четирите фази во нашата мисија да ти обезбедиме квалитетна појдовна точка во твоето образование. Согласно резултатите и податоците од нашите досегашни анализи денес ти претставуваме две современи работилници во најбараните професии во моментов – софтверско инженерство и дигитален маркетинг.

So, what 's next?

Пред неколку месеци започнавме низа активности со цел да ти помогнеме да донесеш вистинска одлука
за твоето образование што ќе ти гарантира успешна кариера и квалитетен стандард на живеење. Во декември започнавме со кариерниот квиз со чија помош можеше да дознаеш каков тип на личност си, а пред нешто повеќе еден месец го лансиравме нашето истражување “Future Of Jobs” преку кое ги претставивме најбараните дејности и вештини на пазарот во труд во следните 10 години.

Затоа сега, во пресрет на факултетските уписи, преоѓаме во третата од четирите фази во нашата мисија да ти обезбедиме квалитетна појдовна точка во твоето образование. Согласно резултатите и податоците од нашите досегашни анализи, денес ти претставуваме две современи работилници во најбараните професии во моментов – софтверско инженерство и дигитален маркетинг.

Какви се овие работилници
и што ќе добиеш од нив?

Фокус на овие работилници е од прва рака да ги искусиш вештините кои ќе доминираат на пазарот на труд во следните 10 години. Во 2 динамични недели ќе поминеш низ соодветно сублимиран материјал преку работа на практични примери и завршен проект, под менторство на врвни професионалци. Со тоа ќе ги осознаеш сите предности на овие вештини, зошто се толку барани и ќе добиеш квалитетна основа за понатамошно усовршување и кариера во истите. Нашиот мотив зад работилниците е што повеќе млади луѓе да поминат низ истите за да добијат квалитетно кариерно насочување. Од тука, првичната идеја беше да ги понудиме бесплатно  но со цел да обезбедиме посветеност и ангажман од секој учесник, се одлучивме за екстремно симболични цени иако се работи за интензивни програми со времетраење од 20 часа.

почеток: 04 Maj | времетраење: 2 недели

ВОВЕД ВО СОФТВЕРСКО
ИНЖЕНЕРСТВО ПРЕКУ
РОБОТИКА

Научи основи на роботика, да разликуваш различни компоненти и да работиш со нив, да ги комбинираш и програмираш со цел да создадеш крајно решение за конкретен проблем кој е локален или глобален.

> Што е SDG?

Што е Fable?

Што е алгоритам, а што програм? 

Завршен проект

Со учење преку практични примери кои самите студенти ќе ги работат во мали групи и двонеделна интерактивна настава, ќе ја приближиме кариерата како програмери и софтверски инженери до сите средношколци. 

почеток: 04 Maj | времетраење: 2 недели

ВОВЕД ВО
ДИГИТАЛЕН
МАРКЕТИНГ

Практични дигитални вештини со работа на реални примери. Совладај ги најсвежите ресурси од областа на дигиталниот маркетинг и научи да креираш успешни кампањи кои носат резултати.

> Стратегија во дигитален маркетинг

> Маркетинг на социјални мрежи

Lead Generation

Завршен проект

Ќе направиме сеопфатен преглед на дигиталниот маркетинг, новите трендови, корисни алатки, но повеќе ќе се фокусираме на квантитативни аспекти, изнаоѓање на нови маркетинг канали и ефективни маркетинг кампањи. 

Што велат нашите учесници

Brainster низ бројки

0 +
Обуки
0 +
Алумни
0 %
Вработување
0 +
Партнери за вработување

Зошто софтверско
инженерство преку роботика?

Способноста за критичко размислување, размислување низ призма на решавање на проблеми, флексибилност и адаптација се едни од најважните вештини кои треба да ги поседува секој млад човек.

Токму овие soft skills се и најважни за успешност во најпросперитената дејност на пазарот на труд, а тоа е IT секторот. Оваа работилница ќе ти помогне да видиш што подразбира кариера во софтверско инженерство, со какви проблеми ќе се занимаваш и ќе ти овозможи цврста подлога за понатамошно усовршување!

Зошто дигитален
маркетинг?

Сега кога 90% oд бизнисите се онлајн, не е доволно да имаш добар продукт. Затоа дигиталниот маркетинг веќе не “опционална“ стратегија за успехот на еден бизнис, туку е клучна компонента која треба да се развива паралелно со бизнис идејата..

На оваа работилница, со комбинација од алатки, напредни техники, обработка на податоци и многу практични примери, ќе добиеш fast-track вовед во клучните вештини кои ќе ти овозможат да користиш иновативни маркетинг техники применливи во секој бизнис.

Сега кога 90% oд бизнисите се онлајн, не е доволно да имаш добар продукт. Затоа дигиталниот маркетинг веќе не “опционална“ стратегија за успехот на еден бизнис, туку е клучна компонента која треба да се развива паралелно со бизнис идејата..

На оваа работилница, со комбинација од алатки, напредни техники, обработка на податоци и многу практични примери, ќе добиеш fast-track вовед во клучните вештини кои ќе ти овозможат да користиш иновативни маркетинг техники применливи во секој бизнис.

Проекти во подготовка

Студентите на нашите академии работат на проекти базирани на напредни технологии од областа на софтверско инженерство, Data Science и дигитален маркетинг. Во моментов во фаза на подготовка се три проекти кои ќе бидат дел од следната серија на активности кои ги подготвуваме како дел од мисијата за образовно насочување. Очекувај повеќе детали за проектите наскоро!

Проект со сензори и дрон
за шумски пожари

Шумските пожари се проблем кој се се разгорува во последните години, со различен интензитет во различни периоди. Целта на овој проект ќе биде да се обезбеди проактивна, ажурна и навремена помош на службите кои се задолжени за овие проблеми преку сензори за детекција на чад активира кои автоматски ќе активираат дрон за сликање на околината.

Проект со паметно капаче и мобилна апликација за астматичари

Загадувањето и густата населеност во големите градови станува се поголем проблем кој е често причина или последица за зголемениот број на астматичари. Овој проект ќе се фокусира да им помогне на сите астматичари преку краудсорсирана информација, да го оптимизираат своето движење низ градскиот метеж и да водат поздрав живот.

Автоматизација преку роботски компоненти

Роботиката се повеќе навлегува во повеќе сфери: од земјоделие, во производство, асистирање на возрасни лица. Во овие проекти, секој со различна крајна цел, ќе стремиме кон решавање на секојдневни проблеми преку различни автоматизации со помош на роботски компоненти и модули.

Што велат професионалците

We improved learning, so you can improve the world. Welcome to Brainster Next.

Компании партнери за учење и вработување

Одбери работилница во дејноста
за која имаш афинитет

По резултатите добиени од кариерниот квиз и истражувањето “Future of Jobs”, ти овозможуваме
да погледнеш одблизу во двете најбарани вештини на пазарот преку современи работилници составени од онлајн часови и практична работа во нашите лаборатории

ЗА НАС

Brainster e компанија за едукација која комбинира податоци, врвен наставен план, експертиза и ефективна стратегија за учење вештини како Data Science, програмирање, маркетинг, дизајн и Software Testing.